Skip to main content

Русија останува најголем снабдувач на збогатен ураниум за САД

Дваесет проценти од збогатениот ураниум за нуклеарно гориво потребно за нуклеарната програма на САД е испорачан од Русија, пишува „Блумберг“.

Русија обезбеди една петтина од горивото за нуклеарните реактори во САД во 2024 година, останувајќи најголем снабдувач и покрај законот со кој се забранува увозот на збогатен ураниум“, пишува изданието.

Забраната стапи на сила во август 2024 година, но американското Министерство за енергетика може да издаде продолжувања до 2028 година во случај на недостаток на алтернативни извори или од причини од национален интерес.

Поврзани вести