Skip to main content

Русија лансираше 85 дронови и балистичка ракета во Украина

Руските сили извршија напад врз Украина преку ноќ, лансирајќи 85 дронови и една балистичка ракета, соопштија украинските воздухопловни сили.

Нападите погодија неколку региони, вклучувајќи ги регионите Суми, Донецк, Чернихив и Дњепропетровск, се вели во објавата на Телеграм, според Ројтерс.

Украинската воздушна одбрана успеа да уништи 61 дрон.

Генералштабот на вооружените сили на Украина во утринскиот извештај објави дека во текот на изминатиот ден се регистрирани 139 вооружени судири по должината на фронтовската линија, што „укажува на продолжување на интензивните борби низ источните и североисточните делови на земјата“.

Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта уништило 29 украински беспилотни летала во шест региони на земјата и над водите на Азовското Море, објави Интерфакс. Според одделот, 10 беспилотни летала се уништени над територијата на Ростовскиот регион, девет над територијата на Ставрополскиот регион, четири над територијата на Курскиот регион, по еден беспилотен авион над териториите на Белгородскиот и Брјанскиот регион и Краснодарскиот регион и три над водите на Азовското Море.

Поврзани вести