Руски вакцини против рак би можеле да бидат готови за употреба за една година.
Вакво нешто е најавено на средба на рускиот претседател, Владимир Путин, со шефицата на Федералната медицинско-биолошка агенција, Вероника Скворцова, која го информирала за научните достигнувања на Агенцијата.
По средбата, Путин и Скворцова порачаа дека воведувањето руски вакцини против рак ќе направи пробив во медицината.