
Намибија денеска ја доби првата претседателка во историјата. Нетумбо Нанди-Ндатива денеска положи заклетва.
Нанди-Ндатива (72) е политичарка со долгогодишно искуство. Таа претходно беше потпретседателка на Намибија, беше и министерка за екологија како и за меѓународни прашања.
Нанди-Ндатива на минатогодишните претседателски избори беше кандидат на а Народната организација на Југозападна Африка.
Таа истакна дека за време на петгодишниот мандат ќе се залага за правата на жените и децата, ќе се обиде да ја намали невработеноста кај младите. Нанди-Ндаитва вети и инвестиции во одржлива енергија, во земјоделството и во инфраструктурата на Намибија.
Нанди-Ндатива е трета претседатела во Африка, по поранешната претседателка на Либерија, Елен Серлиф Џонсон и актуелната претседателка на Танзанија, Сами Сулух Хасан. ми/