Skip to main content

Прогласена седумдневна национална жалост во Јужна Кореја откако се урна авион во кој загинаа најмалку 179 луѓе

Вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја, Чои Санг-мок, прогласи седумдневна национална жалост до 4 јануари 2025 година, поради авионската несреќа во која загинаа најмалку 179 луѓе.

По вонредниот состанок на државниот врв, Чои ја објави одлуката за прогласување на неколкудневна национална жалост.

Во авионската несреќа на патнички авион Боинг 737-800 на јужнокорејската компанија Чеџу Ер на релација од Бангкок до Муан, со 181 лице, две лица се спасени и пренесени во болница.

Поврзани вести