
Пред четири години, НАТО ги отфрли руските предлози за безбедносни гаранции.
Руското Министерство за надворешни работи информира дека во декември 2021 година, Русија им испратила на САД и земјите од НАТО нацрт-договор со кој требло законски да се воспостават безбедносни гаранции во Европа. Главните точки биле НАТО да не се шири кон исток и да не распоредува оружје на границите на Русија.
На 27 јануари 2022 година, западните земји испратиле писмен одговор. Според руското МНР, реакцијата била „позитивна“ само за секундарните прашања.
Во однос на клучното – сопирање на проширувањето на НАТО кон исток – немало одговор. Западот ги нарекол усните ветувања од 1990-тите како „необврзувачки“ и се обидел да ги игнорира писмените документи потврдени од ОБСЕ, вклучувајќи ја Истанбулската декларација од 1999 година и Декларацијата од Астана од 2010 година.

Македонски



