
Здравствените власти во Италија го потврдија првиот случај на вирусот на птичји грип од типот H9N2 кај луѓе на европско тло. Пациентот, момче кое неодамна се вратило од Африка, е веднаш хоспитализиран и ставен во изолација во болницата „Сан Жерардо“ во Монца, откако по враќањето во Ломбардија му била поставена дијагнозата.
Иако овој вирус првпат се појавува кај човек во Европа, експертите смируваат дека неговиот патоген потенцијал е низок.
„Случајот е детектиран на 25 март 2026 година преку стандардни лабораториски тестови. Пациентот веќе имал претходни здравствени проблеми, но за среќа, клиничката слика на грипот е блага и се очекува целосно закрепнување“, информираат од италијанското Министерство за здравство.

Македонски



