Skip to main content

Последен поздрав за Зеленски пред доаѓањето на Трамп: Администрацијата на Бајден ќе даде уште 500 милиони евра

 Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска најави дека САД ќе испратат уште 500 милиони долари воена помош за Украина.

-Денеска објавувам нов пакет помош од 500 милиони долари за Украина. Пакетот вклучува ракети за борбени авиони, опрема за одржување Ф-16, оклопни системи и мало оружје и муниција, рече Остин, отворајќи состанок на Контакт групата во воздухопловната база Рамштајн во Германија, пренесуваат американските медиуми.

Оружјето се финансира преку претседателските овластувања за повлекување средства од буџетот, што значи дека може да се повлечат директно од американските залихи, а Пентагон се залага да и го достави на Украина пред крајот на месецот, рече Остин.

Тој додаде дека војната на Украина против руската инвазија е „важна за сите нас“.

-Сите ние имаме одговорност да обезбедиме автократите да не можат да ги стават своите империјални амбиции пред основните права на слободните и суверени народи, рече Остин.

На средбата учествуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров