
Поранешниот раководител на американскиот Национален центар за борба против тероризмот, Џо Кент, кој поднесе оставка поради војната на САД против Иран, изјави дека Израел прави сè што може за да ја продолжи војната со Исламската Република.
Секој пат кога Доналд Трамп зборува за потребата од деескалација со Иранците, Израелците почнуваат сериозни напади врз енергетскиот сектор на Иран или други клучни објекти, ефикасно спречувајќи го секој обид за деескалација. Ниту едни преговори со Иранците нема да бидат успешни сè додека Израел не се заузда. Тоа може да се постигне со тоа што ќе им се каже на Израелците: „ние ќе ви помогнеме да се одбраните, но нема да ви дозволиме да преземете офанзивни дејствија. Ако тргнете во офанзива, тоа го правите на сопствен ризик“, вели Кент.
Тој додава дека ниту еден американски поитичар не им кажал такво нешто на Израелците.
Ние мора да бидеме исклучително сериозни во врска со ова“, вели Кент

Македонски



