Skip to main content
До почетокот на војната речиси и да немало Украинки кои се занимавале со проституција

Половина од жените кои работат во борделите во Берлин се Украинки

Германскиот весник „Велт“ објави дека околу 50% од жените коишто работата во берлинските бордели се украински државјанки. Според весникот, по војната, многу бегалци останале без дом, работа и поддршка, па затоа отишле на места каде што биле „прифатени без познавање на јазикот или диплома“.

До 2022 година, речиси и да немало Украинки кои се занимавале со проституција, се наведува во статијата. Сега, според социјалните служби на Берлин, секоја втора жена која работи во бордел е од Украина.

Весникот пишува оти жените велат дека се нашле во стапица: бирократија, јазични бариери, без помош или стабилност. Тие работат нелегално, често преку посредници, што ги прави зависни. За многумина, тоа е „привремено решение“ кое е продолжено на неодредено и се претвора во ќорсокак.

Поврзани вести