Skip to main content

„Политико“: Забрзаното пристапување на Украина во ЕУ нема да помогне никому, најмалку на Украина

dusan-cvetanovic-from-pixabay

Магазинот „Политико“ објави анализа дека забрзаното пристапување на Украина во ЕУ нема да помогне никому – секако не на Украина.

Во својата публикација, изданието ги цитира проценките на експертите за несоодветноста на радикално забрзување на процесот на европска интеграција на Украина што „се заканува да ја промени структурата на буџетот на блокот и да го загрози единството“.

Доколку се донесе таква одлука, земјата веднаш ќе стане најголем примател на средства од ЕУ, што ќе ги лиши или значително ќе ги намали субвенциите за земјите како Летонија, Литванија и Естонија, кои во голема мерка зависат од приходи од ЕУ. Покрај тоа, Украина останува најкорумпираната држава во Европа, а реформите, како што се наведува, може да траат со децении.

Поврзани вести