
Пожарникарите во Ватикан денес поставија оџак на покривот на Систинската капела, од кој ќе излегува бел чад кога ќе биде избран наследникот на папата Франциск, а се очекува изборот на нов папа да не потрае долго.

Сепак, во 13 век, биле потребни речиси три години, или поточно 1.006 дена, за да се избере наследник на папата Климент IV, што го прави најдолгиот конклав во историјата на Католичката црква.
Оттука потекнува терминот конклава – „под клуч“, бидејќи кардиналите што се состанувале во Витербо, северно од Рим, траеле толку долго што мештаните решиле да ги заклучат во соба додека не изберат нов папа.