Skip to main content

По државниот удар: Генерал Хорта Н’Там прогласен за привремен претседател на Гвинеја Бисао

kaysha-on-unsplash

Хунтата во Гвинеја Бисао соопшти дека привремен претседател на земјата ќе биде генерал Хорта Н’Там, кој го предводеше вчерашниот воен удар.

Тој ќе биде претседател и новоформираното тело Висока воена команда за обнова на редот односно воената влада, која ќе го надгледува едногодишниот транзициски период.

Генералот Н’Там ја презема власта во западноафриканската држава по вчерашниот пуч, додека се чекаа резултатите од претседателските и парламентарните избори, одржани на 23 ноември.

Хунтата вчера го прекина изборниот процес и го собори претседателот Умар Сисоко Ембалo. Пред објавувањето на официјалните резултати и Ембалo и кандидатот на опозицијата Фернандо Дијас да Коста, прогласија победа.

Против поранешниот армиски генерал, Ембало имаше неколку обиди за државен удар. Опозицијата ги оспоруваше резултатите од претседателските избори во 2019 година на кои победи Ембало. Тој по неуспешниот воен удар во декември 2023 година го распушти Народното собрание.

Од 1974 година, кога Гвинеја Бисао се стекна со независност од Португалија, земјата имаше четири воени удари, 17 обиди за државен удар и серија промени на владата.