
За да ја запре војната, Украина мора да ги повлече своите војници од Донбас, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Неколку пати изјавивме дека, за да се запре жешката фаза од специјалната воена операција, Украина мора да ги повлече своите војници од Донбас. Ова мора да се направи. Ова навистина би го олеснило преминот кон процесот на решавање на конфликтот со политички и дипломатски средства“, изјави Песков, пренесен од руските медиуми.
Според него, нема рокови за повлекување на украинските војници од Донбас, но тоа би го олеснило преминот кон политичко и дипломатско решавање на конфликтот.
За да се постигне тоа, додаде Песков, украинскиот претседател Володимир Зеленски мора да преземе политичка одговорност и да ги повлече украинските вооружени сили од Донбас.
„Зеленски мора да преземе политичка одговорност и да донесе соодветна одлука. Нема рокови. Тоа треба да се направи денес, или уште подобро, требаше да се направи вчера“, рече портпаролот на Кремљ.
Песков нагласи дека Русија ќе продолжи, како што изјави, со „специјалната воена операција“ сè додека не ги постигне своите цели.(МИА

Македонски


