
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Говорејќи за потенцијален состанок, Песков изјави дека Путин смета оти секоја средба на највисоко ниво треба да биде добро подготвена за да може да се финализираат договори кои претходно мора да бидат обработени на експертско ниво.
За сега не можеме да кажеме дека експертската работа е во полн ек. За жал, не е“, изјави Песков.
Тој додаде дека Русија останува заинтересирана и подготвена за вакви преговори.
Сите ставови на Русија во врска со договорот се соопштени на Киев, а одредбите и се предадени на украинската страна во писмена форма“, нагласи портпаролот на Кремљ.