Skip to main content

Паднаа маските, НАТО е агресор, обвинуваат од Кремљ

НАТО, откако ја симна маската, на секој можен начин го покажува своето вистинско лице на инструмент на агресија и судири, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Неговата изјава уследи по најавата дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на денешната конференција на Институтот Чатам хаус во Лондон, ќе побара Алијансата да ја зголеми воздухопловната и антиракетна одбрана за 400 проценти со цел да се соочи со Русија која „сее терор“ на небото.

Треба да направиме скок напред во нашата колективна одбрана…факт е дека опасноста не исчезнува дури ни со крајот на војната во Украина. Гледаме како Русија во Украина сее терор на небото и поради тоа ние ќе го зајакнеме штитот кој го штити нашиот воздушен простор – ќе истакне Руте на состанокот во Институтот Чатам хаус.

Руте сака земјите-членки на НАТО да поддржат нова цел за трошење за одбрана од 3,5 проценти од БДП до 2032 година и да се обврзат да трошат 1,5 проценти од БДП за пошироката област на безбедноста, вклучувајќи ја кибербезбедноста и граничната контрола. Со ова би се постигнала целта на американскиот претседател Доналд Трамп за издвојување на пет проценти од БДП за одбрана.

Руте минатиот месец изјави дека очекува договор за тие цели да се постигне на Самитот на НАТО што ќе се одржи на 24 и 25 јуни во Хаг.

Поврзани вести