Skip to main content

Орбан: На изборите ќе се одлучува Унгарија да не стане должнички роб поради војната во Украина

Facebook / Orbán Viktor
Фејсбук профил на Виктор Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека едно од нештата што ќе се одлучат на парламентарните избори годинава ќе биде Унгарија да не стане „должнички роб“ поради, како што изјави, финансирањето на руско-украинската војна.

На состанокот во Капошвар, Орбан рече дека Унгарците можат да кажат на парламентарните избори, што се закажани за април, да кажат „не“ на понатамошното финансирање на руско-украинската војна и на кандидатурата на Украина за членство во Европската Унија, што се позиции за кои се залага неговата партија Фидес, пренесува МТИ.

Тој ги повика луѓето да одбијат да платат за работата на украинската држава во следните десет години и да кажат не на повисоките сметки за комунални услуги поради војната.

Тој додаде дека доколку Украина стане членка на Европската Унија, ЕУ ќе биде во директен воен конфликт со Русија и дека Унгарија се спротивставува на кандидатурата на Украина за членство во ЕУ не затоа што таа земја има „камено срце“, туку затоа што „не сака да си наштети“.

Тој предупреди дека Украина долгорочно ќе остане неизвесна воена зона и дека Унгарија лесно би можела да биде вовлечена во каков било конфликт поради нејзиното членство во ЕУ или НАТО.

Орбан, исто така, рече дека ЕУ треба да потпише стратешки договор со Украина, „таков што ќе биде добар“ и за Унгарија.

Поврзани вести