Skip to main content

Обединетите Арапски Емирати потшишаа договор за стратешка одбрана со израелска компанија

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) потпишаа повеќегодишен договор за стратешка одбрана во вредност од 2,3 милијарди долари (проценето времетраење од 8-10 години) со израелската одбранбена компанија „Елбит Системс“, за заеднички развој на напреден електронски одбранбен систем дизајниран да ги заштити и цивилните и воените авиони.

Ова е еден од најголемите одбранбени договори во историјата на „Елбит“ и се фокусира на напредно електронско војување и самозаштита на авионите. Вклучува заеднички развој и интеграција, а не само набавка.

Иако техничките детали остануваат доверливи на барање на ОАЕ, се верува дека системот може да се спротивставува на современите воздушни закани, вклучувајќи ракети и електронско наведување, одразувајќи ги денешните регионални безбедносни реалности.

Поврзани вести