Skip to main content

Нови ирански ракетни напади врз Израел: Израелците пријавија осум загинати и над 100 повредени

Иран ноќеска почнал нов бран ракетни напади врз Израел, во кои, според израелските медиуми, загинале најмалку осум лица, а над 100 се повредени.

Нападите следат откако израелската војска потврди дека извршила удари врз иранската нуклеарна инфраструктура, додека иранското Министерство за нафта соопшти дека е погодено складиште за нафта Шахран во Техеран.

Израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом пријави 140 повредени, од кои некои се во тешка состојба, со напомена дека бројките може да се променат со пристигнувањето на нови податоци.

Цел на нападите биле делови од централниот дел на Израел, вклучувајќи го подрачјето околу Тел Авив.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан предупреди дека одговорот на Техеран на израелските напади ќе биде „уште потежок и посилен“ доколку Израел не се повлече. Засега, бројот на жртвите и повредените не е официјално потврден од израелските власти.

Поврзани вести