
Лидерот на француската десница, Жордан Бардела би победил на следните претседателски избори, без оглед кој ќе му биде противкандидат, покажуваат резултатите на најновата анкета.
Ова е првпат француската агенција за истражување на јавното мислење Одокс да прогнозира победа на претседател на десничарската партија Национален собир, пренесува Ројтерс.
Претседателскитте избори во Франција закажани се за 2027 година.
Доколку изборите би биле одржани оваа седмица, 30 годишниот Бардела би добил повеќе гласови од сите кандидати, покажува истражувањето во кое учуествувале 1.000 испитаници.
Сепак за жал на Жордан Бардела и неговите подржувачи и за среќа на сите други, да се биде убедлив фаворит на претседателските избори неколку месеци пред нивното одржување, не е гаранција за успех, наведува агенцијата во извештајот објавен со резултатите на анкетата.

Македонски








