Skip to main content

Не и се бендиса Москва: Сопругата на Асад сака да се разведе и да се врати во Лондон?

Сопругата на поранешнит сириски претседател Башар ал Асад размислува да се разведе од него и да се врати во Лондон, јавува Си-Ен-Ен Турк. Асма не е задоволна од условите за престој во Москва каде што семејството побегна откако бунтовниците ја презедоа власта во Сирија.

Асма побарала посебна дозвола од руските судови да ја напушти Москва, се вели во статијата. Тоа може да биде проблем бидејќи руските власти му забранија излез на Асад од Москва, а го замрзнаа и неговиот пристап до имот и финансиски ресурси. Постапката е во тек.

Асма има британско државјанство бидејќи е родена во Западен Лондон, а таму живеат нејзините родители. Асма се запознала со Асад во Лондон додека тој специјализирал офталмологија. Се омажила за него само неколку месеци откако тој го наследи татко си како претседател на Сирија. Нивните два сина и ќерка се веќе возрасни.

Асма се школувала во приватно училиште, студирала компјутерски науки на престижниот Кралски колеџ во Лондон, а подоцна станала инвестициски банкар.

Нејзиниот татко е кардиолог, а нејзината мајка работела во сириската амбасада во Лондон.

Поврзани вести