Skip to main content

На Нетанјаху не му е гајле што Трамп постигнал договор со Иран: „Израел не е обврзан да почитува каква било спогодба“

Facebook/Benjamin Netanyahu

Израел не планира да го почитува најавениот договор меѓу САД и Иран со кој треба да се стави крај на конфликтото на Блискиот Исток. Едно од главните барања на Иранците во каков било договор беше да запрат израелските напади во Либан и повлекување на израелските трупи од либанска територија, но Израелците не се подготвени да преземат таков чекор.

Според информациите од извори запознаени со текот на преговорите, дури и американскиот претседател Доналд Трамп, лично побарал од израелскиот премиер Нетанјаху да прекине со нападите во Либан и да почне со повлекување на израелските одбранбени сили, но Нетанјаху ги отфрли обете барања.

Таквиот став на Израел го поткрепи и израелскиот министер за национална безбедност Бен-Гвир со соопштение на социјалните мрежи.

Договорот на Трамп не нè обврзува. Израел не е подреден на Соединетите Американски Држави, а ние сме независна и суверена држава!

Нагласуваме: ги сакаме САД и сме му благодарни на претседателот Трамп. Сепак, Државата Израел не е банана република“, е дел од пораката на Бен-Гвир.

Претходно, Трамп објави дека Договорот со Исламската Република Иран сега е завршен и најави кревање на американската блокада на Ормутскиот теснец

За близината на реализирање на најавената спогодба, покажува и информацијата дека веќе има планови за главниот преговарач на Иран, Мохамед Багер Галибаф, и министерот за надворешни работи Абас Арагчи да отпатуваат во Женева за да потпишат договор со потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс.

Поврзани вести