Skip to main content

Мнозинството Американци сметаат дека САД даваат премногу пари за воена помош на Украина

Мнозинство од Американците сметаат дека САД даваат претерано многу парична помош за воените потреби на Украина, додека огромно мнозинство поддржува итна депортација на криминалци кои престојуваат нелегално, се дознава од најнова анкета објавена викендов.

Според резултатите од анкетата спроведена од институтот „Ипсос“, а по нарачка на „Њујорк тајмс“, 51 отсто од испитаниците изјавиле дека трошоците за воена поддршка на Киев се многу високи, 17 отсто сметаат дека ова финансирање е недоволно, а 28 отсто веруваат дека висината на доделените средства е прифатлива. Четири отсто од учесниците во анкетата не одговориле на ова прашање.

Слични ставови се забележуваат и во однос за помошта за Израел. Според резултатите, 53 отсто од Американците се уверени дека Белата куќа троши премногу средства за поддршка на оваа земја.

Од другите прашања 60 отсто од анкетираните изјавиле дека САД треба да го намалат своето учество во меѓународните конфликти и да се фокусираат на решавање на внатрешните проблеми.

Повеќе од половина од испитаниците (55 отсто) би сакале новоизбраниот претседател Доналд Трамп да го исполни своето предизборно ветување за масовна депортација на сите нелегални мигранти, додека  огромно мнозинство (87 отсто) поддржува итна депортација на криминалци кои престојуваат нелегално во САД.

Воведување повисоки царина за увозни стоки одобруваат 46 отсто од Американците, додека 71 отсто се за забрана за препишување лекови за хормонална терапија за деца под 18 години. 

Поврзани вести