Skip to main content

Мелони повика итно да се одржи самит на кој ќе учествуваат САД, Европа и сојузниците по жестоката расправија меѓу Трамп и Зеленски

Италијанската премиерка Џорџа Мелони повика денеска итно да се одржи самит на кој ќе учествуваат САД, Европа и сојузниците, посочувајќи дека поделбите го прават Западот „послаб“, по вчерашната жестока расправија меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Потребен е итен самит меѓу САД, европските држави и сојузниците за искрено да разговараме за тоа како имаме намера да се справиме со денешните големи предизвици, почнувајќи од Украина, која заедно ја браневме во последните години“, рече Мелони.

Таа додаде дека Италија ќе го испрати предлогот за одржување самит до своите партнери во следните неколку часа, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Поврзани вести