Илон Маск предложи да се воведе тестирање на менталните способности на службениците во САД.
Иницијативата доаѓа откако 81-годишната конгресменка од Тексас, Кеј Гренџер, беше пронајдена во дом за стари лица откако се изгубила на улица.
Претходно „Волстрит журнал“ објави дека соработниците на претседателот Џо Бајден за време на неговиот четиригодишен мандат се обидувале да избегнат подолги и неподготвени јавни обраќања на претседателот, поради стравување од неговата ментална состојба.