Skip to main content

Маск или Елисон, кој би го купил ТикТок: Трамп е отворен за идејата, предлага 50 од капиталот да оди за државата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека ќе размисли дали извршниот директор на Тесла, Илон Маск, или претседателот на компанијата Оракл, Лери Елисон, би можеле да го купат Тик-ток.

Би бил ако сака да го купи, да. Би сакал и Лери да го купи – одговори Трамп на новинарско прашање на средба со медиумите.

Сопственик на Тик-ток е кинеската компанија „Бајт денс“. Трамп предлага тој што ќе го купи Тик-ток да даде половина од својот капитал на САД во замена за лиценца за работа.

Можеби ни треба согласност од Кина, но сигурен сум дека тие би ја дале – заклучи Доналд Трамп.

Американскиот претседател на својот прв работен ден во понеделникот ѝ нареди на својата влада да ја прекине примената на закон кој го донесе претходната администрацијата на Џо Бајден на 75 дена, за да се обиде да најде решение за проблемот.

Поради ова, социјалната мрежа беше недостапна неколку часа во текот на викендот.

Законот предвидува многу високи казни за давателите на интернет услуги и продавниците за апликации, до 5.000 долари по корисник. Овие санкции ќе ги воведе Министерството за правда, на кое Трамп му нареди да не интервенира два ипол месеци, време кое му е потребно за да се консултира со советниците.

Мерката беше доволна за да се смири Оракл, американската компанија која е домаќин на Тик-ток на своите компјутерски сервери, но не и Епл и Гугл, кои ја отстранија социјалната мрежа од нивните мобилни платформи за преземање апликации во неделата.

Затоа, 170 милиони американски корисници кои веќе имаат Тик-ток можат да продолжат да го користат, но повеќе не можат да ја ажурираат платформата редовно како и обично.

Трамп, кој за време на неговиот прв мандат сакаше да го забрани Тик-ток во име на националната безбедност, сега има поинаква перспектива.

Има толку многу производи произведени во Кина, а единствениот на кој се жалат е Тик-ток, рече завчера Доналд Трамп, мислејќи на избраните функционери во Конгресот.

Поврзани вести