
Руски машиновозач на еден од патничките возови во рускиот регион Брјнск, врз кои украинските сили извршија терористички наади на почетокот на месецов, со брза реакција и жртвување на својотживот спасил стотици луѓе.
Павел Мишин (34), кој има 13 години искуство, успеал да го сопре возот пред да падне од мостот урнат со експлозив, што му овозможило да избегне многу жртви.
Менаџментот на мојот сопруг дојде да нè посети утрово и рекоа дека сопрел на време и спасил луѓе. Ќе имаше многу повеќе смртни случаи да не беше неговата професионалност. Благодарение на тоа, сè испадна добро за многу патници. Но, не и за нас“, вели Екатерина Мишина, сопругата на починатиот.
Павел зад себе остави две ќерки, од кои најмладата има шест години.
Храбриот машиновозач забележал пречка што одеднаш се појавила на пругата и веднаш активирал итно сопирање. Тој исто така му наредил на својот помошник да ја напушти кабината и да се засолни во машинската просторија.
Благодарение на неговите постапки, кои ги презел, жртвувајќи го својот живот, брзината на возот била значително намалена пред судирот, што спасило стотици патници.
Паша работел како машиновозач целиот свој живот. Тоа беше негов сон од детството. Читал книги на оваа тема. Беше многу страствен за оваа професија. Работата е во тоа што неговиот чичко бил машиновозач и му се допаѓало сè. Затоа мојот сопруг веднаш отишол да студира за овој занает“, споделува сопругата на починатиот.
Пред да замине на патување, возачот им ветил на своите семејства дека ќе ги однесе на одмор.
Последен пат го видов Паша кога заминуваше на работа. Сè беше во ред, како и секогаш. Рече: „Ќе дојдам, ќе одиме на одмор со децата во природа“. Имаше знак: пред да замине, ги бакна децата и мене. Рече: „Чао, наскоро ќе дојдам“. Вечерта требаше да дојде, но не дојде“, Раскажува Екатерина.
34-годишниот машиновозач ќе биде награден посмртно. Според Екатерина, раководството на Павел претходно ѝ кажало дека тој закочил на време пред мостот да се сруши на железничките пруги, со што спасил десетици, а можеби и стотици животи на патници. Благодарение на неговата реакција, биле избегнати повеќе жртви.
Руски железници (РЖД) објавија дека компанијата ќе ја обезбеди целата потребна помош и поддршка на семејството на Павел Мишин. Децата на починатиот возач ќе добиваат посебни исплати од РЖД до полнолетство, а ќе им биде обезбедена и помош за стекнување вишо или средно стручно образование.