
Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп пред вонредниот европски состанок за Украина во Париз, но од кабинетот на Макрон не откриваат детали од разговорот.
Макрон ги покани лидерите на Европската Унија и на Обединетото Кралство во Елисејската палата на разговори за тоа како да одговорат „на американскиот дипломатски напад врз Украина“.
Елисејската палата соопшти дека состанокот е неформален и ќе се одржи попладнево, а на него ќе присуствуваат лидерите на Германија, Велика Британија, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.