
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека нема намера да поднесе оставка и дека ќе остане на функцијата за да обезбеди стабилност во државата, игнорирајќи ги повеќекратните барања за оставка од опозицијата, во услови на најдлабока политичка криза во Франција во последните неколку децении.
Никогаш не заборавајте дека мандатот што го добивме од францускиот народ е да служиме и да одговараме на прашањата на обичните граѓани, како и да го гарантираме суверенитетот на Франција – изјави Макрон пред новинарите во Египет, неколку дена по повторното назначување на Себастијан Лекорну за премиер.
Тоа е единственото што има значење. Сè друго е работа на владата… Јас ќе продолжам да ја гарантирам стабилноста, додаде Макрон, чиј втор мандат завршува во 2027 година.