Skip to main content

Лукашенко во телефонски разговор со Трамп се заложил за прекин на воените акции во Украина

president.gov.by

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, соопшти дека минатата недела телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за Украина.

Според Лукашенко мора да се завршат неколку фази за да се постигне мир во Украина.

Но, сега најважно е да запрат борбите и загубите на животи. Пред сè, можеме да разговараме за воспоставување на воздушно примирје и прекин на огнот на линијата на контакт. Всушност, да не летаат ракети и дронови во ниту една насока. Тоа е многу важно. И за Русите, исто така. За Украина уште повеќе, наведе Лукашенко.

Тој додаде дека Русија можела да го употреби своето ново оружје – ракетниот систем „Орешник“, но не го направила тоа „бидејќи во целост е посветена на мирно решение“. 

Поврзани вести