Skip to main content

Луѓе живи гореле: 24 загинати и над 50 повредени во украински напад врз кафуле во кое се славело Нова Година

На првиот ден од новата година, украинските сили извршиле напад со дронови врз кафуле и хотел во градот Хорли, во Херсонсата област под руска контрола на брегот на Црното Море.

Како резултат на нападот, загинале 24 лица, меѓу кои и 1 дете. Повредени се над 50 луѓе. Тринаесет повредени лица, меѓу кои и две деца, се наоѓаат во болници во Херсонската област и на Крим. Шестмина од нив, меѓу кои и деца, се во тешка состојба.

Поради огромниот пожар, не можело да се спасат повеќе луѓе, кои живи гореле во нападнатиот објект. Пожарот бил изгаснат дури рано наутро

За време на нападот, на небото имало украински извидувачки дрон кој го координирал ударот врз цивилите коишто го прославувале доаѓањето на новата година.

Поврзани вести