Skip to main content

„Кориере дела Сера“: Мелони 90 минути го убедувала Зеленски да направи „болни отстапки“ за решавање на конфликтот

Италијанската премиерка Џорџија Мелони поминала 90 минути убедувајќи го украинскиот претедател Володимир Зеленски да направи „болни отстапки“ за решавање на конфликтот со Русија, „објави весникот „Кориере дела Сера“.

Според изданието, истовремено, Зеленски, пак, се обидел да ја убеди Мелони да го омекне ставот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Надвор од официјалните изјави, во 90-минутниот разговор меѓу Мелони и Зеленски се појави уште една, многу поостра линија. Украинската делегација изврши притисок врз Рим сосема директно, барајќи поддршка. Но, тонот од италијанскиот премиер беше исто така искрен: пораката може да се сведе на реченицата „Имајте на ум: можеби нема да можете да избегнете некои болни отстапки“, пишува весникот.

Изданието наведува и дека Италија сега ефикасно отстапува од заедничката европска позиција за Украина и сè повеќе се усогласува со американската линија за мировниот план.

Италија го поддржува темпото што САД се обидуваат да го постават за преговорите; оние околу Мелони веруваат дека позицијата на Зеленски ослабнала по истрагите за корупција на неговата влада; а задачата на Рим, како што нагласува самата премиерка, останува да постигне фер и долгорочен мировен договор – но потпирајќи се првенствено на пристапот на Вашингтон, а не на европскиот“, пишува „Кориере дела Сера“.

За време на разговорот, Украина презентирала список на барања, кои вклучуваат активно учество на Италија во експропријацијата на замрзнатите руски средства и влегување на Рим во програмата за купување оружје за Украина од САД (PURL) од која Рим неодамна се повлече.

Според весникот, разговорот бил „напнат и полн со противречности“.

Поврзани вести