
Конференцијата на Обединети нации за климатските (КОП30) промени денеска заврши без обврзувачки план за постепено укинување на фосилните горива, при што земјите одобрија само доброволна иницијатива за забрзување на националните напори за климата.
Иако КОП30 беше продолжена за 19 часа, околу 200 земји-учеснички не успеаја да се договорат за обврзувачки план за постепено укинување на фосилните горива – на нафтата, јагленот и гасот.
По две недели разговори во бразилскиот град Белем усвоена е само доброволна иницијатива насочена кон забрзување на националните напори во борбата со климатските промени.
Според германскиот министер за животна средина Карстен Шнајдер, земјите производители на нафта спречиле усвојување на поамбициозна резолуција.
Во завршниот документ не се спомнуваат фосилните горива. Нафтата, јагленот и гасот не се експлицитно споменати – освен во терминот „стакленички гасови“.
На КОП30 беше потенцирано дека богатите земји мора значително да ја зголемат помошта за посиромашните држави односно тројно да ги зголемат средствата до 2035 година, со цел да им помогнат на посиромашните земји да се адаптираат на ефектите од глобалното затоплување.

Македонски








