Skip to main content

Конгресмен од Демократите поднесе резолуција за импичмент на Трамп

Facebook/Donald J. Trump
Facebook/Donald J. Trump

Демократскиот конгресмен Шри Танедар од Мичиген соопшти дека поднел резолуција за импичмент на претседателот Доналд Трамп, а врз основа на седум точки, меѓу кои се „тиранско надминување на овластувањата“, корупција и попречување на правдата.

Поднесов резолуција за импичмент на Трамп која содржи седум точки, изјави Танедар во видео објавено на социјалната мрежа „Икс“.

Меѓу обвиненијата се и меѓународна агресија и создавање на нелегитимни институции, како што е новоформираниот Департмент за владина ефикасност (ДОГЕ), предводен од бизнисменот Илон Маск.

Ова е прв обид годинава на демократски пратеник од Претставничкиот дом да покрене импичмент против претседателот на САД или член на неговата администрација, пренесе порталот „Аксиос“. Сепак, според оценките, резолуцијата нема големи шанси за успех бидејќи Конгресот е под контрола на републиканците.

Во интервју за магазинот Тајм објавено минатата недела, Трамп изјави дека не настојува да ги прошири овластувањата на претседателската функција, и дека се е во рамките на Уставот. Според него, во првите 100 дена од новиот мандат постигнати се значајни резултати, особено во областа на надворешната трговија.

Поврзани вести