Skip to main content

Кличко: Седум лица повредени во најновиот руски напад врз Киев

Facebook/Віталій Кличко

Седум лица се повредени во ноќешниот руски напад со дронови врз Киев, објави утринава градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

-Седуммина повредени во главниот град по непријателскиот напад ноќеска. Петмина од нив се хоспитализирани, а двајца се на амбулантско лекување, рече Кличко во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

Кличко додаде дека, како резултат на непријателскиот напад врз Киев и падот на остатоците од беспилотните летала ноќеска во областа Подил, избувнале пожари во три станбени згради, а ударниот бран ги оштетил прозорците на неколку куќи.

Државната служба за вонредни ситуации наведе дека во областа Подилск пожарникарите веќе го изгаснале пожарот во еден стан од петкатна зграда и автомобилите во дворот.

Исто така, изгаснат е пожар и во магацински простории на неколку локации и пожар во два автомобили во двор на петкатница.

Во областа Десњан во Киев, дрон се урнал во 21-от кат од станбена зграда без да детонира.

На друга локација, ракета погоди зграда во изградба.

Во текот на ноќта во Киев и голем број региони беше прогласена воздушна тревога поради закана од напади со дронови, објави претходно Укринформ.

Поврзани вести