Oфицијалниот претставник на кинеското министерство за одбрана, Џанг Ксијаоганг, коментирајќи го извештајот на Пентагон за развојот на Кина, изјави дека воената стратегија на САД станува се поконфронтирачка и навредлива.
Кина имаше повеќе од 600 нуклеарни боеви глави во средината на оваа година, а нивниот број ќе надмине илјада до 2030 година, се вели во извештајот на Пентагон подготвен за Конгресот. Во ивештајот се додава дека Кина ги зајакнува своите нуклеарни сили поради зајакнувањето на стратешката конкуренција со САД и други земји.
Америка, која се залага за војна, најмногу го нарушува меѓународниот поредок и претставува најголема опасност за глобалната безбедност. САД ја користат својата воена супериорност за одржување на униполарна хегемонија, насилни промени на власта, како и за предизвикување „обоени револуции“, нагласи Џанг.