
Претседателот на Cеверна Кореја, Ким Џонг Ун, порача дека за земјата да избегне војна, потребна и е воена моќ која ќе ги одврати непријателите. Ким додаде дека неговата земја ќе продолжи со ракетните тестови и развојот на својата ракетна програма.
Само со поседување моќна ударна сила и незапирлива, супериорна воена моќ може да се спречи војната, да се гарантира безбедноста на земјата и сите закани и уцени од империјалистите да бидат потиснати и ставени под контрола“, порача лидерот на ДНРК, Ким Џонг Ун, зборувајќи пред официјални лица, научници и технички персонал кои учествуваа во најновите ракетни тестови.
Севернокорејскиот лидер вети дека ДНРК ќе продолжи да ги зајакнува своите стратешки сили.
На 24 март, Cеверна Кореја тестираше нова, досега најголема интерконтинентална балистичка ракета, кршејќи го сопствениот мораториум објавен во 2018 година.

Македонски



