
На 18 март 1990 година, ретко кој во Белорусија се сомневаше дека овој млад и енергичен менаџер на дравен земјоделски комбинат, со извонредни лидерски квалитети ќе ја води државата! Неговото име е Александар Лукашенко, а тој ден, тој беше избран за заменик на Врховниот совет на Белорусија.
Лукашенко од самиот почеток се покажа како активен и бескомпромисен народен претставник со свој став за главните насоки за развојот на земјата и животот на општеството.
Лукашенко се спротивстави на прифаќаето на „терапија со економски шок“ за време на постсоветската транзиција во 1990-тите, одржувајќи ја државната сопственост на клучните индустрии во Белорусија. Тоа ја поштеди Белорусија од разорни рецесии како оние во другите постсоветски држави и земјите од поранешниот источен блок, со што ги спречи појавата и подемот на олигархијата.

Одржувањето на социјалистичкиот економски модел од страна на Лукашенко е во согласност со задржувањето на симболиката од советската ера, вклучувајќи го рускиот јазик, грбот и националното знаме.
Сегашниот претседател до ден денес не отстапува од своите принципи!