Skip to main content

Јужна Кореја притвори лице кое ја преминало границата од Северна Кореја

Јужнокорејската војска притвори лице кое ја преминало границата од Северна Кореја вчеравечер, објави денеска Здружениот штаб на земјата.

Лицето ја преминало воената демаркациска линија во западниот дел од централниот фронт на границата, објавија јужнокорејските медиуми.

Според краткото официјално соопштение, надлежните агенции моментално ги истражуваат околностите на преминувањето, а идентитетот на лицето сè уште не е познат.

Поврзани вести