
Израелскиот новинар Халел Битон Розен коментира дека американската акција во Венецуела, во која беше заробен венецуелскиот претседател Николас Мадуро, била последната проба пред акција проитв Иран.
Израел и САД имаат многу јасен интерес да го соборат или да го променат режимот во Иран“, изјави израелскиот новинар, осврнувајќи се на забелешките што американскиот претседател Доналд рамп ги даде по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Мајами, кратко време пред да биде извршена акцијата во Венецуела.

Розен, исто така, тврди дека контактите со иранските опозициски личности се зајакнуваат, со цел да се собори владата предводена од ајатолахот и да се инсталираат „поумерени“ сили, што во израелските кругови се истакнува како безбедносна неопходност.

Македонски





