
Израелска воздушна ракета заврши во редакцијата на Информативната мрежа на Исламска Република Иран (ИРИНН), управувана од државниот радиодифузер ИРИБ, додека тие емитуваа видео од нападите во живо. Медиумските работници решија да не го прекинуваат преносот и продолжија со емитувањето во живо од истото седиште. Еден од нивните презентери побара од израелските воздухопловни сили „повторно да нè таргетираат“.
ИРИБ вели дека знаеле за претстојниот израелски напад, но одлучиле да останат на терен и дека ќе продолжат да емитуваат дури и „без студио, доколку е потребно“. Засега не се знае точниот број на вработени во иранската телевизија кои беа убиени во израелскиот напад, но првичните информации велат дека е „голем“.
Нападот уследи откако израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека „иранскиот мегафон на пропаганда и поттикнување е на работ на исчезнување“.