Skip to main content

Италија има најстаро население во Европа

Италија има најстаро население во Европа, а просечната возраст во таа земја е 48,7 години, објави денеска Евростат.

Во соопштението се наведува дека тоа е четири години повеќе од просечната возраст во Италија во периодот од 2014 до 2024 година.

Се нагласува дека просечната возраст на населението во ЕУ е 44,7 години, што е за 2,2 години повеќе од 2014 година, пренесе АНСА.

Евростат наведува дека Ирска има најмлада популација во Европа, каде просечната возраст е 39,4 години. Се наведува дека стареење на населението е забележано во сите земји на ЕУ, со исклучок на Малта каде просечната возраст на населението е намалена за 0,7 години и Германија каде што е намалена за 0,1 година, пренесува Танјуг.

Стареењето на населението е поизразено во Грција, Италија, Португалија и Словачка со просечен пораст од четири години, додека просечната возраст во Кипар, Шпанија и Полска е зголемена за 3,8 години, соопшти Евростат.

Поврзани вести