Skip to main content
Тајна иницијатива поддржана од неименувани милијардери

Истражувачи во Калифорнија сакале создадат џиновски вештачки облак за да го блокираат сонцето

Истражувачи во Калифорнија сакале да го блокираат сонцето, пишува „Политико“.

Според изданието, научници од геоинженерството планирале да создадат вештачки облак од 3.900 квадратни милји користејќи владини авиони.

Како што пишува „Политико“, тим истражувачи во Калифорнија се здобил со озлогласеност минатата година со прекинат експеримент на пензиониран носач на авиони, на кој се обиделе да тестираат машина за создавање облаци.

Но, зад сцената, тие планирале многу поголема и потенцијално поризична студија за опрема за прскање со солена вода што на крајот би можела да се користи за замтување на сончевите зраци – проект вреден повеќе милиони долари, чија цел била создавање облаци над дел од океанот поголем од Порторико.

Деталите наведени во барањата за финансирање, е-поштата, текстуалните пораки и другите записи добиени од „E&E News“ на „Политико“ покренуваат нови прашања за тајната иницијатива поддржана од милијардери, која го надгледувала минатогодишниот краток експеримент за геоинженерство со соларна енергија во заливот Сан Франциско.

Поврзани вести