
Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) најави дека од утре ќе започне со напади врз претставништвата на американските компании во регионот како одговор на воените дејствија против Иран.
Заканата е насочена кон 18 големи корпорации вклучени во списокот на ИРГК, меѓу кои се „Мајкрософт“, „Гугл“, „Епл“, „IBM“, „Тесла“ и „Боинг“. Во соопштението се наведува дека овие компании треба да очекуваат уништување на нивните претставништва како одговор на секој „терористички акт“ насочен против Иран.
Според најавата на Гардата, нападите е планирано да започнат утре, 1 април, во вечерните часови по локално време. Овој потег дополнително ги зголемува тензиите во регионалниот конфликт кој веќе влегува во својот втор месец

Македонски



