
Министерството за надворешни работи на Иран испрати нота до бугарската амбасада во Техеран, во која повикува на воздржување од какви било активности во поддршка на Соединетите Американски Држави, вклучително и американски авиони стационирани на аеродромот „Васил Левски“, според бугарските медиуми.
Според предупредувањето, Иран го задржува правото да преземе сите потребни мерки за заштита на својот суверенитет, објавува „Новините.бг“.
За жал, и покрај изјавите на бугарските власти дека распоредувањето на неколку авиони-цистерни за гориво на меѓународниот аеродром Васил Левски е дел од планирана воена вежба, како и присуството на американска воена авијација (12 авиони), тие се користат за поддршка и полнење со гориво на бомбардерите во заедничката американско-ционистичка агресија против Република Иран, се вели во иранското соопштение.
Иран изјави дека го задржува правото да преземе сите мерки за заштита на своите национални интереси.
Зошто нелегитимниот Андреј Ѓуров ги крие овие информации? Што чекаме, да падне балистичка ракета? Ќе пристигне за девет минути, рече Станислав Балабанов од партијата ИТН (Има Такав Народ), кој ја објави содржината на писмото.
Тој побара привремениот премиер Андреј Ѓуров да биде отстранет и заменет со нов.(MИА)

Македонски



