
Вооружените сили на Иран соопштија дека нападнале нафтен танкер во близина на брегот на Кувајт.
Пловилото, опишано како „во сопственост на САД“, било погодено и се запалило, јави државното радио, повикувајќи се на централната команда.
Според истиот извор, повторно биле извршени напади со напредни ракети врз цели во Израел и врз позиции на САД во државите од Персискиот Залив.
Меѓу употребеното оружје била и ракетата Khorramshahr-4, која носи боева глава тешка околу две тони, се наведува во извештајот.

Македонски

