Skip to main content

Иран негира дека барал прекин на огнот

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, негираше дека официјален Техеран побарал прекин на огнот.

Изјавата на Трамп за барањето на Иран за прекин на огнот се лажни и целосно неосновани“, наведе Багаи.

Претходно американскиот претседател Донал Трамп на платформата „Трут соушл“ објави дека претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан побарал прекин на огнот.

Претседателот на новиот режим во Иран, далеку поумерен и значително поразумен од неговите претходници, штотуку побара од САД, ПРЕКИН НА ОГНОТ. Ќе го разгледаме ова кога Ормутската Теснина ќе биде отворена, слободна и чиста“, објави Трамп.

Тој додаде дека дотогаш САД ќе продолжат со нападите и Иран „ќе го вратат во камено доба!!!“. 

Поврзани вести