Skip to main content

Индонезија ќе купува суперсонични ракети „БрахМос“ од руско-индиско производство за 450 милиони долари

Индонезиското Министерство за одбрана испратилo формално писмо до индиската амбасада во Џакарта во врска со потенцијалниот договор за набавка на суперсонични крстосувачки ракети „БрахМос“ во вредност од 450 милиони долари,  известува „The New Indian Express“, цитирајќи извори.

Индија и понудила на Индонезија заем, кој може да биде олеснет или од Државната банка на Индија или од други национални индиски банки. Во моментов се разработуваат спецификите на договорот.

Ракетата „БрахМос“ е проектил заеднички развиен од руската државна компанија „Машиностроенија“ и индиската организација за одбранбено истражување и развој (DRDO).

Различни верзии на ракетата „БрахМос“ се распоредени од индиските воздухопловни сили, морнарицата и армијата.

Поврзани вести