Skip to main content

Имамоглу од затвор: Нека се плашат, ние сме иднината на Турција

Екрем Имамоглу Фејсбук

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, од затворот Мармара испрати силна порака до јавноста преку писмо кое го пренесоа неговите адвокати, по неговото апсење во голема полициска акција во Турција.

Во опширната порака, Имамоглу истакна дека на 23 март се случила демократска револуција. „И покрај сета беда, неправедните судски одлуки, економскиот пад и уништениот меѓународен углед, народот на изборите го избра претседателскиот кандидат со гласови на сите граѓани и Републиканската народна партија. Тоа е прекрасна ситуација, надежта е голема, а неколкумина лоши луѓе сега се во очај – рече тој.

Имамоглу додаде дека стравот на владејачката партија се зголемил. „Нека се плашат. Ние, заедно со нашата нација, го претставуваме турскиот сојуз. Ние сме гласот на демократијата, правдата, владеењето на правото, еднаквоста, единството и солидарноста. Ние застапуваме развој, образование, наука, уметност, спорт и квалитетен живот. Денес сме гаранција за среќна иднина и мир, дури и за оние малкумина кои се многу исплашени, порача тој.

Тој нагласи дека ќе продолжи да работи уште повеќе, без разлика каде се наоѓа.

Не е важно дали сум во затвор. Јас сум со работничките семејства, на селските ниви, тука сум за децата. Заедно ќе успееме – заклучи Имамоглу.

Поврзани вести