Skip to main content

ИДФ уби двајца палестински тинејџери на Западниот Брег, тврди палестинската власт

Палестинската власт синоќа објави дека двајца 15-годишни тинејџери се убиени од израелски оган во близина на Хеброн, на Западниот Брег, каде што израелската армија претходно објави дека „елиминирала двајца терористи“.

Палестинското Министерство за здравство без дополнителни детали ги објави имињата на двајцата убиени 15-годишници и изјави дека тие биле убиени од „окупациски (израелски) куршуми“ попладнето во близина на Беит Омар, северно од Хеброн.

Израелската армија претходно објави дека војниците кои биле во операција во секторот Кармеи Цур, израелска населба веднаш до палестинското село Беит Омар, неколку километри северно од Хеброн, „елиминирале двајца терористи кои подготвувале напад“.

Западниот Брег е под израелска окупација од 1967 година.

Поврзани вести